Mobirise Site Maker

Во село Дебреште постојат 5 Џамии и 1 Црква 

По написите во една од надгробна плочи во дворот на џамиите во Дебреште стои дека 1759/60 година АрапОџа бил прв мутевелија на овае џамии. Џамиите претставуваат еднокуполна градба со трем на северната страна, што претставува основна архитектонска карактеристика на раноосманлиската џамија и еден од најмногубројните типови на џамии во 16 век на Балканот. Преминот од молитвениот дел кон куполата е решен со помош на т.н. фриз на турски триаголници, Во внатрешноста на џамијата се сместени вообичаените елементи присутни во молитвениот простор – михраб, минбер и махвил кои се одликуваат со едноставност на формите


Сите три џамии (исклучувајќи ги  подоцнежни доградби) е градена од добро обработени камени квадри од жолто-кафен камен од реонот на Загориче, и на начин ретко применуван при градењето на овој вид објекти во Македонија. Минарето кое му дава вертикален акцент на објектот е сместено на западната страна од џамијата. Тоа не е многу високо, поставено на четириаголен постамент кој продолжува во полигонално тело и се одликува со елегантно изведена сталактитна декорација под шерефето. Во еден од дворовите , западно од џамијата, се наоѓа некропола со поголем број на нишани. Џамијата, во зависност од потребите, повеќепати била реновирана и проширена со што е нарушен нејзиниот првобитен изглед.


Ајхан Алилоски

FACEBOOK COMMENTS WILL BE SHOWN ONLY WHEN YOUR SITE IS ONLINE

Сподели